Вечерва во Младинскиот културен центар за прв пат ќе настапи хрватската панк – фолк велнес атракција “Бркови” со свој целовечерен самостоен концерт.
На овој концерт, кој „Бркови“ го исчекуваа повеќе од десет години, ќе биде промовиран нивниот нов албум „Крвава новчаница“, од кој ќе бидат изизведени неколку нови песни, а остатокот од репертоарот ќе го сочинат најзначајните песни од сите периоди на нивното постоење.
Шамсо 69 и екипата до сега имаат објавено осум студиски албуми. Нивните видео спотови имаат неколку милионски прегледи. Во претходните неколку години, „Бркови“ прераснаа во едни од најактивните бендови со концерти ширум републиките, а бележат и настапи во Европа, Велика Британија и Канада.
Интересен е и фактот што на „Бркови“ минатата година им се придружува и Игор Паспаљ, кој од престижниот магазин “Guitar World” е прогласен за светски гитарист на годината во 2020 година.
Билети за концертот може да се набават на билетарницата на МКЦ или на онлајн линкот за продажба на билети по цена од 750 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.