Kонцертната промоција на Никола Мицевски по повод неговиот извонреден нов албум “NEW ERA”! Првиот од неколкуте планирани концерти, се разбира ќе биде одржан во неговата родна Битола на 9ти декември во Центарот за култура!
Проектот “NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.
Никола Мицевски, заедно со неколку познати инструментални и вокални солисти, во придружба на бенд од околу 15 академски музичари спремаат едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика!
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (16-ти ноември) онлајн на www.avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.