Констракта во четвртокот отпатува во Торино каде ќе ја претставува Србија на овогодинешната Евровизија. Таму ќе настапи во втората полуфинална вечер, која ќе се одржи на 12 мај, а многубројната публика е желна да го види настапот на жената која за многумина стана интересна „преку ноќ“.

Ана Ѓуриќ еднаш откри дека купува облека на пазар бидејќи не се оптоварува со брендови и луксузни парчиња, но за евровизискиот стајлинг издвоила повеќе од 450 евра.

Таа на првата прес-конференција на Евровизија се појави во широки беж панталони чија цена е 200 евра. Но, поголемо внимание привлече маицата со извезениот „је * ига“, која чинела 20-на евра.

Покрај тоа, ја искомбинирала црвената чанта која ја носела околу половината, за која издвоила околу 190 евра, додека „боросанките“ ги зачувала за самиот настап (ги платила 40-на евра). Наместо нив, носела патики за кои платила околу 45 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.