Денеска во Аудио култура во Скопје беше промовирана дуетот и видео записот на Калиопи и Жељко Самарџиќ, насловен „Знам”. Песната е комплетно авторско дело на Ромео Грил, тој е автор на музиката, текстот и аранжманот, и продуцент.

Промоција на дуетот веќе се одржа во соседна Србија пред неколку дена.

Спотот за песната на Калиопи и Жељко Самарџиќ е снимен во Кочани, а фановите се воодушевени од песната.

Песната беше објавена на официјалниот канал на Јутјуб на Жељко Сарамџиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.