На нашата музичка сцена има секогаш место за нови и талентирани изведувачи. Еден таков е и младиот Дарко Гроздановски, кој вчера ја објави својата најнова песна. Таа носи наслов „Трач“, а за потребите на истата, Дарко и неговата екипа снимија и доста интересен видеоспот, во кој се појавуват повеќе статисти.

Инаку токму Дарко е автор и на неговата песна, односно тој го направи и текстот, музиката и аранжманот.

Се потрудив да создадам нешто поразлично од тоа што имаме прикика да гледаме на нашата естрада. Не велам дека тоа што моите колеги го создаваат не е добро, напротив, имаме премногу квалитетна музика, но ете, сакав да бидам барем малку поразличен. Се надевам ќе ѝ се допадне на публиката, тоа ми е најважно, вели Гроздановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.