Виолинистот, професор и диригент Ерхан Шукри сношти одржа славенички хуманитарен концерт во Националната опера и балет наречен „Првите мои 20 во 30“. Тој прослави 30 години уметничка и педагошка дејност и 20 години од постоењето на Гудачкиот камерен оркестар „Арко“. Парите од продадените влезници ќе ги донира за децата со дијабетес.

Одамна сакав да направам хуманитарен концерт за деца, но не бев одлучен каде би ги наменил средствата. Кога видов дека децата со дијабетес долго чекаат сензори, ми падна многу жал, ми се насолзија очите и така се одлучив овој конецрт да биде за нив. Сѐ уште не знам колку билети се продадени и не знам со колку средства точно располагаме. Знам дека сензорите се многу скапи, но ќе набавам барем глукомери и ленти за мерење шеќер, во координација со Сојузот на здруженија на дијабетичари, изјави за СДК музичарот по концертот.

Целиот разговор на „Сакам да кажам



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.