По фантастичниот распродаден концерт во македонската Филхармонија по повод издавањето на првиот албум „Ехо“, Зарина Првасевда објавува уште три нови датуми и градови во кои ќе одржи концерти придружувана од нејзиниот ансамбл.
Кочани – 8 октомври – Градски парк, почеток 13 ч.
Битола – 13 октомври – Центар за култура, почеток 20 ч.
Демир Хисар – 14 октомври – Дом на култура “Илинден”, почеток 20 ч.
На овие концерти Зарина Првасевда ќе ги изведува песните од својот прв официјален студиски албум, издание на Кроација рекордс.
На албумот има 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови аранжмани, отпеани на пет јазика: македонски, албански, турски, српски и бугарски.
Оваа „мини турнеја“ е нешто што со нетрпение го очекував да се случи после оној концерт во Македонската филхармонија кога мене лично ми се случи второто раѓање и едно вистинско реобликување за какво што претходно можев само да сонувам. Признавам дека сонував и овојпат… и еве уште еден од соништата станува реалност, само умножен во три нови датуми и три нови градови, сите од нив со посебно значење во моето срце.
Вистински е голема радоста и меракот да пеам во родниот град, на моите демирхисарци, во Битола – мојот втор дом и голема љубов како и во Кочани, градот кој ме освои со близината која ме дели од најмагичните зајдисонца што некогаш сум ги посведочила.
Она што за сигурно го знам е дека ќе имаме можност повторно заедно да ја одживееме магијата и синергијата што ни се случи нам присутните во Македонската Филхармонија , преку фреквенцијата на музиката да се прегрнуваме, да плачеме и да се утешиме, да и се радуваме , да ја помилуваме одблизу песната на народот , да ја налееме со љубов и одново да и дадеме крила , онака како што таа заслужува за да лета слободна и да патува се до онаму до кадешто некому ќе биде мелем .
Кочани, Битола, Демир Хисар – ЕДВАЈ ЧЕКАМ, вели Зарина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.