Поминаа дваесет години од кога ЕГЗИТ (EXIT) прогласи држава, која истовремено претставува метафоричка земја со свои пасоши и граници означени со ѕидините на Петроварадинската тврдина, но и „State of EXIT“, како состојба на свеста на стотици илјади нејзини жители, кои веруваат дека различните нации и религии се богатство, а не причина за конфликт. Создадена е од сите за кои излез е слободата да бидеме она што сме, а фестивалот идеалното место да бидеме прифатени во својата автентичност и да возвратиме во иста мера.
Само две години пред прогласувањето на државата, ЕГЗИТ за прв пат по војните во поранешна Југославија, на едно место масовно ги собра младите од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Словенија, и тогаш почнаа да се раѓаат некои нови пријателства и да се шират нови начини на комуникација во регионот. Стотина илјади млади луѓе увидоа дека не треба да веруваат на екстремната политичка пропаганда и дека преку границите се наоѓаат луѓе исти како нив, со исти стремежи, желби и проблеми. На младите, кои останаа дезориентирани по војните, „Државата на Излезот“ им пружи засолниште, чувство на припадност и место чиј ритам го поставуваат љубовта, толеранцијата и мирот.
Неколку години подоцна, оваа регионална тајна врска се прошири низ целиот свет, кој дојде лично да се увери каква нова енергија се раѓа на Балканот, креирајќи го глобалниот мит за „Егзит“, кој трае и денеска. Следејќи ја легендата за фестивалот на тврдината, во земја во која претходно никогаш не биле, луѓето од преку 100 светски земји секој јули патуваа на музичко поклонение во Србија и Нови Сад. Токму силата на таа енергија успеа да надвладее и во пандемијата, па ЕГЗИТ минатата година беше првиот голем фестивал на светот и единствен во Европа кој се случи по скоро две години пауза. ЕГЗИТ така се издигна и над наднационалната држава, станувајќи Универзим за себе, во кој луѓето одеднаш повторно имаа слобода да бидат едни со други, да се прегрнуваат, да танцуваат и да сонуваат заедно.
Денеска дојде време за уште еднаш да излеземе од границите на познатото и заедно да зачекориме во ЕГЗИТ Универзумот, место соткаено од емоциите на сите кои барем еднаш стапнале на Тврдината, просторот во кој чудата се можни, а најсјајната ѕвезда е токму секој од нас. Овој простор ќе се манифестира од сон во јаве од 6 до 9 јули, на добро познатото место – Петроварадинската тврдина, а патувањето започнува денеска.
Во време кога инфлацијата остава сè подлабока трага, во голема мера вклучувајќи ги и цените на билетите, ЕГЗИТ се погрижи за најверните почетната цена да остане иста како и претходните години. Продажбата на билетите ќе започне на 15 ноември 2022, точно на пладне, а цената ќе изнесува 3.699 дeнари. Купувањето ќе биде овозможено на веб-страницата на Фестивалот и преку МкТикетс, а оваа многу ограничена количина се очекува да биде распродадена за само неколку минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.