Џек Вајт ги шокирал обожавателите кога ја запросил и се ожени со својата девојка на сцената за време на настапот.
Тој ја покани Оливија Џин, текстописец и продуцент, да свири на сцената со бендот и ја претставил на фановите како негова девојка.
Потоа за време на изведбата на песната „Hotel Jorba“ и го поставил судбоносно прашање непосредно пред да ги испее стиховите „Ајде да се венчаме“.
Според локалните медиуми, девојката се расплакала а потоа рекла „да“.
Вајт потоа ја однел од бината – за подоцна да се појави на бис и на венчавка во живо, водена од Бен Свонк, основачот на издавачката куќа на Вајт.
Басистите на парот се однесувале како кум и деверуша, додека членовите на нивните семејства гледаа.

Шоуто на Вајт бил дел од неговата најнова соло турнеја, наречена „Saple Chain Issue“, и на некој начин била настап за враќање дома – негово прво во Детроит од 2018. година.
Ова е трет брак на Вајт – тој претходно беше во брак со колешка од бендот Мег Вајт, од 1996. до 2000. година, а потоа и со британската манекенка Карен Елсон. Тој брак траеше од 2005. до 2013. година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.