Многумина ја забележаа на едно регионално музичко натпрварување каде со своите вокални квалитети успеа да ги освои симпатиите на публиката, не само во Македонија, туку и во поранешните југословенски републики.
Тогаш беше навистина малечка (9), а многумина и прогнозираа блескава музичка кариера.
По се изгледа овие предидувања од тогаш полека се остваруваат за младата Драгана Јовановска (16), која ја објави нејзината втора авторска песна.
Новиот проект на Драгана носи наслов „Камиказа“, а за истата таа со својот тим од соработници сними и доста интересен видеоспот на кој како режисер се потпишува Горан Симјановски.
Целиот спот е сниман во прекрасните делови на Скопје и едно од најдобрите атељеа „Далерија“ во кое можат да се видат прекрасни дела на наши уметници. Јас лично сум многу задоволна од целиот проект кој заедно со многу луѓе кои се воедно и мој тим вложивме многу труд, љубов и време за публиката да може да ужива во ова прекрасно дело, вели Јовановска.
Инаку на оваа песна работеа едни од најквалитените музички имиња во нашата земја, тоа е продуцентот Иле Спасев и познатиот рапер Тајзи.
Драгана не застанува тука, таа веќе работи на новите проекти и ветува во иднина многу нови песни, видеоспотови и големи проекти.
До тогаш уживајте во „Камиказа“, а доколку ви се допаѓа лајкнете и споделете на вашите социјални мрежи:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.