Оваа сабота, на 16 март, точно на полноќ, во ноќниот клуб Минус Еден, во рамки на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ, пред скопските љубители на електронската музика ќе настапи со диџеј сет КТ од Лондон, Велика Британија.
По низата успешни музички настани на платформата на која со настапи во живо досега се претставија млади музичари од домашната и регионална сцена, активни во полето на рок, поп и хип-хоп музиката, оваа сабота публиката ќе има исклучителна можност за првпат во Скопје да го проследи настапот на КТ од Лондон.
КТ пристигнува во Скопје, после нејзината двомесечна турнеја со настапи низ Латинска Америка. Нејзиниот исклучителен и разновиден музички вкус нуди избрана хаус, електро, транс, гараж, брејкс… музика од 90-те.
Повеќе од една деценија активна на сцената, КТ е ѕвезда во подем која доаѓа од Лондон. Со фантастична селекција на винили, како резултат на нејзиното „копање“ по добар електронски звук, КТ редовно настапува во култниот лондонски клуб „Fabric“. Благодарејќи на волшебноста на грамофоните и нејзината фантастична музичка селекција, КТ ги заслужи букинзите на домашен терен, а од 2022 година и низ целиот свет. Мината година таа настапи на некои од најголемите фестивали за електронска музика во Лондон, меѓу кои „Junction 2“, „Village Underground“, „Tobacco Dock“ и „The Cause“. Има настапувано во клубови и на фестивали во Италија, Португалија, САД, Косово, Германија, Шпанија, Малта, Албанија, Мароко, Тунис… КТ е клучен дел од „Sisu“ платформата за поддршка и промоција на женски и небинарни диџеи и продуценти и е резидент на лејблот „Space Dust“.
Во очекување на високо енергичен настап на КТ со извонредна музика селекција на винили, атмосферата ќе ја надополнат диџеите Мирко Попов и Виолета Качакова.
Влезниците за настанот може да се обезбедат онлајн на https://www.bileti.mk/e/silataeumladite како и на влез на клубот по цена од 300 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.