Бугарскиот музичар Кирил Маричков ненадејно почина на сцената во петокот вечерта, јави БНТ.  За време на настапот Кирил Маричков паднал од бина и удрил со глава, па се уште не е јасно дали имал срцев удар или само доживеал несреќа на сцената.

Инцидентот се случил околу 18 часот и 45 минути. Брзата помош пристигнала за 7 минути, а како што се наведува Маричков починал при реанимација.

Поради трагедијата концертот бил прекинат, а полицијата го блокирала теренот.

Бугарската рок легенда, инаку фронтмен, басист, пејач и композитор на бугарската рок група „Штурците“, на 30 октомври наполни 80 години.

Неговото семејство вели дека тој секогаш сакал да си замине вака, додека бил на сцена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.