Големиот музичар, гитарист, продуцент, автор на филмска музика и основач на популарниот сараевски бенд „Бијело Дугме“, една од најпознатите југословенски поп/рок групи- Горан Бреговиќ, на 25 јуни доаѓа во Македонија.

Со мега спектакуларен концерт во „Де Факто“ во Гевгелија, на 25 јуни, најголемата балканска ѕвезда Бреговиќ, со својот оркестар од 12 музичари, пред околу 5000 гости, во стилот по кој е познат, секогаш забавен и неуморен, ќе го одбележи стартот на богатата летна музичка програма.
Оваа посебна ноќ ќе биде запаметена со пеење во еден глас на  мегапопуларните хитови како „Мјесечина“, „Едерлези“, „Калашников“ и уште многу други со кои е запечатена неколку децениската кариера на Брега.
Приказната на дискотеката „Де Факто“ трае повеќе од 10 години, а денес несомнено важи за една од најдобрите и најголеми дискотеки во нашата земја, па нема сомнеж дека долго ќе се зборува за овој мегаконцерт.
Уште еден летен спектакал кој не смеете да го пропуштите, велат организаторите.

Резервациите се во тек на 077530333 или defacto.defacto2021@gmail.com

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.