Неодамна во јавноста одекна веста дека младата пејачка Антониа Гиговска го кажа своето судбоносно ,,да’’, а воедно таа сподели и дека е бремена.
Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое, отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно, напиша Гиговска под фотографиите кои ги објави на Инстаграм.
Во една од нејзините последни објави таа се обрати до фановите и напиша: „Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и на она што доаѓа…“. Сепак, Гиговска нема да мирува., туку ќе подготвува нови песни.
Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а до тогаш слушајте ја мојата музика и уживајте. Кој знае колку ќе ми недостигате. Наскоро ќе ја видите новата Антониа. Јас мислам ќе ви се допадне. Последните 2 настапи ми се во Куманово и Гевгелија – напиша пејачката на Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.