Руската сопранистка Ана Нетребко, која беше критикувана дека ја поддржува руската инвазија во Украина, во средата се огласи на својот фејсбук-профил воедно најавувајќи и дека продолжува со концертите во Европа кон крајот на мај.

 

Жал ми е ако моите дела и изјави во минатото беа погрешно протолкувани, напиша славната 50- годишна сопранистка која живее во Виена. Јас отворено ја осудувам војната во Украина. Мојот став е јасен, додаде таа.

 

Како што се засили притисокот врз неа и врз руските уметници, Ана Нетребко, која има руско и австриско државјанство, на 1-ви март објави дека ги откажува сите настапи „додека не се одлучи поинаку“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.