Како дел од европската турнеја ,,Blue Electric Light” и промоција на истоимениот албум, рок-ѕвездата Лени Кравиц го донесе своето спектакуларно шоу во Охрид на 4 – ти август на СРЦ Билјанини извори.
Кравиц настапуваше на финалето на Лига на Шампиони, што само по себе кажува за неговиот актуелен статус во светот на entertainment-от. Настапот е во рамките на годинешното издание на музичкиот фестивал Охрид колинг.
Продукцијата на концертот е најголема и најобемна досега во Македонија.
На 4-ти август на СРЦ Билјанини Извори со реално досега најголемата продукција видена во Македонија! Камионите пристигнаа во Охрид, објави организаторот Авалон со фотографија на која се гледа рок’н’рол конвојот од најмалку 6 камиони.
Концертот на Лени Кравиц на 3 август 2008 година во Охрид се вбројува во најпосетените концерти во историјата на градот Охрид и стадионот Билјанини извори, тој синоќа повторно уживеше во атмосферата и вети дека повторно ќе дојде.
Во моментов Кравиц е една од најголемите и најактуелни ѕвезди на денешнинава, чија летна светска турнеја е една од 10те “must see” концертни турнеи ова лето на светско ниво, а листата на песни никого не остави рамнодушен.
Тој дојде повторно Македонија бидејќи како што рече ја сака, а публиката му возврати со прекрасна енергија. Се пееја во еден глас неговите хитови, а на „Let love rule“ Кравиц слезе меѓу публиката и ја поздрави. Оние што имаа малку повеќе среќа успеаја да ги фатат пешкирот кој го користеше за време на концертот, како и трзалицата на гитаристот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.