После успешните концерти во Струга на 08.08 во Домот на култура, потоа на 10.08 на градскиот плоштад во Охрид и големиот самостоен концерт на 16.08 на Ракометно игралиште во Битола, поддржани од младите Битолски групи TZAR VON TIME, SIOTO JAZZ и CORROSION, и специјалните гости СУПЕРХИКС, на својот ФБ профил ФОЛТИН напишаа…

Отсега натаму Ракометното игралиште во Битола, за нас од Фолтин, никогаш нема да биде исто.

Она што вчера го чувме од вас ни даде крилја:

“Вистинска битолска културна бомба!”

Групата својата августовска турнеја на 25.08 ќе ја заокружат со целовечерен концерт во Винскиот музеј – во Кавадарци, во соработка со Домот на културата Иван Мазов – Климе и финансиски поддржан од Министерство за култура. Влезниците се пуштени во продажба на билетарата на Домот на културата во Кавадарци.

Инаку, оваа година ФОЛТИН слават 29 години од своето прво појавување.

Ако е летото жешко, нека е таква и музиката!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.