Познатата француска актерка Жулиет Бинош ќе ја добие почесната награда „Гоја“, награда од Шпанската академија за филмска уметност за нејзиниот особен придонес во кинематографијата.

Актерката (58), која во 1996 година го доби престижниот Оскар за најдобра споредна женска улога во филмот „Англискиот пациент“ во режија на Ентони Мингела, несомнено придонела за европската кинематографија, соопшти Шпанската академија.

Жулиет Бинош ќе ја добие „Меѓународната Гоја“, специјална награда воспоставена пред две години, на церемонијата на Гоја на 11 февруари во Севиља.
Бинош е добитничка на бројни награди, меѓу кои францускиот Цезар и британската БАФТА, како и награди на познати европски фестивали во Кан, Берлин и Венеција, а минатата година беше наградена на шпанскиот филмски фестивал во Сан Себастијан.
Наградата Гоја на Шпанската академија за филмски уметности и науки се состои од мала биста на големиот шпански сликар Франциско Гоја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.