Францускиот актер Жан Рено на 16 мај ќе го објави својот прв шпионски роман „Ема“.

„Морав да го напишам овој роман – тоа беше предизвик што си го поставив себеси. Отсекогаш сум сакал необични и романтични човечки приказни”, рекол актерот, пренесува Фигаро.

Тоа ќе биде приказна за една млада жена која живее мирен живот и која одеднаш ќе се најде вовлечена во безмилосниот свет на шпионажата, се вели во најавата на издавачот.

Ема е масерка од францускиот регион Бретања, која ќе отпатува во Султанатот Оман, каде ќе се најде „во центарот на неверојатна државна работа“, изјави Рено.

Тој ќе го потпишува романот во својата продавница на авенијата де Тернес во 17-тиот арондисман на Париз на 16 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.