Убавицата чиј лик е препознатлив од турските серии на малите екрани, актерката Џансу Дере, исчезна по силниот земјотрес во Турција.
Властите продолжуваат со потрагата на Дере која сѐ уште се води за исчезната. Нејзиното име почна да се шири на социјалните мрежи поради зголемената загриженост за нејзината безбедност, според Puente Libre и Milenio.
Џансу е родена на 14 октомври 1980 година во Анкара.
Нејзиниот татко е бугарски имигрант, а таа има и грчки корени. Детството го поминала во Езмир, а потоа се преселила во главниот град на студии.
Како што одминуваат деновите, некои луѓе ја објавија нејзината смрт на социјалните мрежи. Сепак, засега ниту еден од надлежните, роднините, или колегите не го потврдиле ова, па сѐ уште постои надеж да се случи чудо.
Многумина се вознемирени од фактот што членовите на нејзиното семејство се уште не се огласиле. Од друга страна, нема потврда дека Џансу Дере во тоа време била на југот на Турција, а нејзината последна објава на Инстаграм беше од 5 јануари.
Популарната актерка одигра голем број улоги по кои и е позната на публиката ширум светот, а публиката кај нас ја памети по улогите во турските серии „Езел“ и „Сулејман Величенствениот“.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.