Дебитантскот филмски проект „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски доби поддршка од паневропскиот филмски фонд Еуримаж,  во конкуренција со 76 европски проекти и е поддржан со 160.000 евра. Од Македонија, како мнозински копродуцент, продукцијата ја потпишуваат „Синема футура“, „Сектор филм“ и „Протим видео продукција“, а проектот ќе се работи во копродукција со „Алтер висион“ од Чешка и „Бекрум продакшн“ и „Баш челик“ од Србија. Турскиот ТВ-канал ТРТ исто така е заинтересиран и веќе најави финансиско учество во овој проект. 

Во мојот мандат од 2018 година до денес, ова е 14-ти проект поддржан од Еуримаж во кој учествуваат македонските продуценти. Станува збор за поддршка од најпрестижниот филмски фонд основан од Советот на Европа и поради тоа успехот е толку значаен. Овие 14 проекти во изминатиов период добиле вкупна финансиска поддршка од 2,25 милиони евра, што доволно јасно зборува за квалитетот на македонската кинематографија и на македонските филмски работници. Кон ова ќе додадам дека завршените проекти веќе станаа и дел од најпрестижните филмски фестивали во светот. Мене особено задоволство ми причинува и фактот што Еуримаж препозна и проекти на нашите млади автори, генерациите кои очекуваме допрва да ги освојуваат фестивалите и салите во светот“, вели Тања Ќурчинска-Пепељугоска, македонскиот национален претставник во Еуримаж.

извор: Локално.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.