Американскиот актер и продуцент Том Сајзмор доживеал аневризма на мозокот и се онесвестил во својот дом во Лос Анџелес, изјави неговиот менаџер Чарлс Лаго за ТМЗ. Како што додал, тој е пренесен во болница каде лекарите се борат за неговиот живот.
Сè уште не е познато кој го пронашол актерот во несвест, но итната помош брзо пристигнала во неговиот дом и го пренела во локалната болница.
Според странските медиуми, Том Сајзмор е во критична состојба и се наоѓа на одделението за интензивна нега.
„Тоа е лошо, не знаеме дали тој ќе може целосно да се опорави од ова“, рекол менаџерот Лаго.
Со текот на годините, Том имаше бројни проблеми со употребата на дрога и кршењето на законот. Тој е уапсен поради семејно насилство и поседување дрога.
Меѓутоа, тој е и успешен актер кој глумеше во некои од најпопуларните холивудски филмови како „Врелина“ „Спасување на војникот Рајан“, „Роден убиец“, „Падот на црниот јастреб“ и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.