Том Круз подготвува уште попредизвикувачки акробации за новиот дел на „Mission Impossible“, а колку и да се опасни, се наведува дека со нивното изведување „ризикува смрт“.
Холивудскиот актер е познат по тоа што ги изведува сите каскадерски акробации неопходни за снимањето, а имал и улоги за кои такви работи биле особено неопходни, почнувајќи од „Top Gun“ до бројните продолженија на „Mission Impossible“.
Холивудскиот актер е познат по тоа што ги изведува сите каскадерски акробации неопходни за снимањето, а имал и улоги за кои такви работи биле особено неопходни, почнувајќи од „Top Gun“ до бројните продолженија на „Mission Impossible“.
Токму за продолжението на споменатиот филм Круз го подготвува својот најопасен трик досега. Тоа е BASE cliff jump. BASE скоковите вклучуваат скокање со падобран, но без авион.
BASE е акроним изведен од зборови од кои може да се скокне, а во основа значи скокање од облакодери, високи радиокули, мостови или карпи.
Овојпат Круз избра карпа за својот потфат. Краткото видео кое го најавува претстојното продолжение на „Mission Impossible“ го прикажува овој застрашувачки подвиг, а на YouTube каналот на Paramount Pictures го окарактеризираа овој подвиг како „најголемиот каскадерски потфат во историјата на кинематографијата“.
Продолжението, насловено „Dead Reckoning“, го прикажува Круз на карпа опишувајќи го трикот како „најопасното нешто што некогаш го пробале“.
Новиот филм ќе биде седми во франшизата, а покрај Круз, во него играат и Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Винг Рејмс, Роб Дилејни и Пом Клементиеф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.