Том Круз деновиве го посетил милијардерот Лери Елисон на хавајскиот остров Ланаи, кој овој технолошки магнат го купи пред десет години за 300. милиони долари.
Според „Блумберг“, Круз ја возел неговата „Тојота Ленд Круз“, но додека возел се превртел и нанел целосна штета на автомобилот.
Новинарката на „Блумберг“ разговарала со осум луѓе кои и ја потврдиле приказната и кои и кажале дека сето тоа се случило додека возел по неасфалтиран пат. Вработените во компанијата што се грижи за островот по несреќата итно ги исчистиле деловите од Тојота. Нема повредени, а полицијата не направила записник за настанот.
Tom Cruise allegedly wrecked one of billionaire Larry Ellison’s cars while on his $300 million island https://t.co/z3UMQ6R6qS
— TrendRadars (@RadarsTrend) June 10, 2022
Островот Ланаи зафаќа 365 квадратни километри и има 2700 жители. Во него се сместени две одморалишта Four Season, како и приватни куќи, како и комерцијални објекти. Елисон (77), чие богатство се проценува на 90. милијарди долари, е најпознат како сопственик на компанијата Oracle, а откако го купил островот почнала да го посетува побогата клиентела. Тоа била и намерата на Елисон бидејќи сакаше да го претвори островот во рај за богатите. Затоа е обвинет дека го избркал локалното население кое со генерации живеело на островот.
Дејвид Елисон, синот на Лери Елисон, е сопственик на филмската компанија Skydance Media, која го продуцираше филмот „Top Gun: Maverick“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.