На 8 и 9 јули 2024 година во Касарна во Охрид, во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12 – Охрид, ќе имате можност да отпатувате назад во времето, преку специјален настан – Летно Кино со Автомобили. Придружете се на овие две ноќи под отворено небо, да ги проследиме едни од најдобрите македонски филмови во моменти на топла носталгија и уште потопли свежи пуканки.
08.07.2024 | понеделник
ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ – македонски филм од 2023 година во режија на Марјан Гавриловски
Улоги: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова.
Маалски џанак, коцкар и армоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.
09.07.2024 | вторник
ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА — македонски филм од 2019 година во режија на Борјан Зафировски.
Главните улоги ги играат: Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска.
Во филмот се раскажува приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе. Леа е млада девојка која го почнува нејзиниот последен предизвик, теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се пренесува, исто како и чувството на тага, осаменост и мизерија.
Влезот ќе биде отворен од 20:00 часот, а проекциите започнуваат во 21 часот. По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување!
Билетите по цена од 500 денари по автомобил ќе може да ги купите во Shilla – coffee & bar или на влез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.