Глумецот и режисер Шон Пен е во Украина и работи на документарен филм за тековниот руски напад.
Снимањето на филмот го потврдија од Кабинетот на претседателот на Украина од каде што вчера објавија на Фејсбук дека режисерот присуствувал на известувања за медиумите, се сретнал со вицепремиерката Ирина Верешчук и разговарал со новинарите и воениот персонал за руската инвазија.
Шон Пен ја покажува храброста што им недостасува на многу други, особено на западните политичари – се вели во соопштението, во кое се додава дека режисерот дошол во Киев да ги сними сите актуелни настани во Украина и „да му ја каже вистината на светот за руската инвазија“ во земјата.
Пен беше во Украина и лани во ноември, кога работеше на проект продуциран од студиото „Вајс“.
Оскаровецот со години учествува во многу меѓународни хуманитарни и антивоени акции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.