Продуцентката Џуди Крамер, која ја создаде театарската претстава и ги продуцираше двата филма, изјави за „Deadline“ дека новото сценарио е „во најраната фаза“.
Продуцентката Џуди Крамер, која ја создаде сцената и ги продуцираше двата следни филма, изјави за Deadline дека новото сценарио е „во најраната фаза“.
Таа откри дека смислила начин да го вклучи ликот на Мерил Стип, Дона, која почина неколку години пред заплетот на продолжението на „Mamma Mia! Here We Go Again“.
„Постои приказна, и мислам дека Мерил треба да се врати – и ако сценариото е како што треба, мислам дека би прифатила, бидејќи многу сакаше да ја игра Дона. Не сакам да претерувам, но знам дека постои трилогија“, вели Крамер, а пренесува „Дејли мејл“.
До денес, франшизата „Mamma Mia!“, која вклучува претстави, филмови и музички албуми, има заработено повеќе од 4 милијарди долари.
Актерката Аманда Сејфрид (37) изјави дека ќе се вклучи во уште еден дел.
„Секој човек во тој филм веднаш би рекол „да“ затоа што сакаме да се дружиме еден со друг. За тоа разговаравме минатиот пат, како дали некогаш сме помислиле дека повторно ќе завршиме овде на некој остров во Хрватска? Да, би сакала да има „Mamma Mia 3“, изјави актерката за „Collider“ во 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.