Од 6 до 9 ноември во киното „Cineplexx“ во Скопје Сити Мол ќе се одржи ревија на современ италијански филм под името „Cinema Made in Italy“.
Настанот, кој за прв пат се одржува во Македонија, е организиран од Cinecittà и Италијанскиот институт за култура од Белград, во соработка со „Cineplexx Skopje City Mall“ и со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје.
Во понеделник, на 6 ноември, во 20 часот во сала 6 ќе биде прикажан „Убаво лето“, во вторник, 7 ноември е прекцијата на „Како овци меѓу волците“ (20 часот, сала 4), на 8 ноември е „Мими, принцот на ноќта“ (20 часот, сала 4), а ревијата завршува во четврток, на 9 ноември со „Адаџо“ (20 часот, сала 4).
Ќе бидат прикажани четири филма од најновата италијанска продукција, сите од 2023 година.
Проекциите почнуваат во 20 часот.
Приходите собрани од продажбата на билетите со симболична цена од 120 денари, како и од донациите на посетителите, ќе бидат наменети на Здружението за поддршка на лица со посебни потреби „Дајте ни крилја“ од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.