Причината за смртта на американскиот глумец Метју Пери ќе биде позната откога Округот Лос Анџелес ќе ја приведе истрагата до заклучок, а тоа би можело да потрае со недели, според соопштението на судските вештаци во Калифорнија.
Пери почина во саботата на 54-годишна возраст. Пронајден е мртов во топла када полна со вода, во својот дом во Лос Анџелес. Обдукцијата е извршена, но инспекторите ги чекаат и резултатите од токсиколошките испитувања за да ја утврдат точната причина за смртта. Причината за смртта, официјално, засега е „неутврдена“, пренесува „Си-ен-ен“.
„Во случај кога причината за смртта не може да се утврди со обдукција, се издава потврда за ‘неутврдено’, сѐ додека не се завршат дополнителните испитувања“, се вели во соопштението на судскиот вештак од Лос Анџелес.
Истрагата треба да покаже дали во неговото тело имало супстанции што би можеле да ја предизвикаат смртта на глумецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.