Актерот Сем Нил, познат по улогата на палеонтологот Алан Грант во сагата „Паркот Јура“, во своите мемоари што ќе бидат објавени следната недела напишал дека се лекува од рак.
„Факт е дека сум болен. Можеби умирам“, напиша актерот во првото поглавје од книгата „Did I ever tell you this?“(Дали некогаш ти го кажав ова), која ја напишал додека бил на хемотерапија.
Актерот, роден 1947 година, за британскиот весник „Гардијан“ изјавил дека овој третман ќе мора да го продолжи до крајот на животот.
„Не можам да се преправам дека минатата година немаше мрачни моменти“, рече актерот, кој се лекува од лимфом дијагностициран во 2022 година.
Нил рече дека темните времиња носат светлина, додавајќи дека едноставно, тој е среќен што е жив.
Нил е најпознат по улогата на еден од протагонистите на филмот „Паркот Јура“, професорот Алан Грант, во три дела во сагата, вклучувајќи го и првиот дел во 1993 година во режија на Стивен Спилберг.
Тој глумеше во познати филмски остварувања како „Лов на црвениот октомври“, „Предвидување 3: Последна пресметка“, „Во устата на лудилото“ и во сериите „Бирмингемската банда“.
Актерот е роден во Северна Ирска, а сега живее во Нов Зеланд каде што поседува голема винарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.