Кирстен Данст имала само шест години кога го направила своето филмско деби во краткиот филм на Вуди Ален „Oedipus Wrecks“, а нејзината кариера брзо тргнала нагоре.

Во текот на следните неколку години, таа глумеше со Том Хенкс и Брус Вилис, но нејзината извонредна улога дојде во 1994 година, кога имаше 11 години.

Набргу по завршувањето на снимањето, 11-годишната Кирстен изјави за Entertainment Tonight:

„Толку го мразев бакнежот затоа што Бред ми беше како поголем брат на снимањето и тоа е како да го бакнував твојот брат. Чудно е затоа што тој е постар дечко и јас морав да го бакнам во уста, па тоа беше одвратно“.

Во 2021 година, Кирстен изјави за Vanity Fair дека бакнувањето со Бред е еден од најлошите делови од снимањето на тој филм за неа, и додека таа главно била „третирана како принцеза на сетот“, тој дел од сценариото и предизвикал мачнини.

И едно интервју од 1994 година во кое се гледа дека Кирстен била испрашувана за ситуацијата за време на промотивната турнеја за Little Women неодамна повторно се појави на TikTok и предизвика прилично остри реакции од гледачите.

Видеото започнува така што Кирстен прашува: „Дали навистина мразеше да го бакнуваш Бред Пит?“ на што таа објаснува: „Да, добро, знаеш што, го сакам Бред, тој е толку сладок… беше, како, непријатно. Мислам, јас имам 12 години. Тој има 31 година и тој е маж. Па зошто јас би уживала да го бакнувам?” – одговори малото девојче.

Во коментарите, луѓето ја пофалија актерката за нејзиниот одговор и ја нарекоа единствената разумна во интервјуто. „Дали навистина мораше да објаснува?“, „Имаше 12 години, но зборуваше како возрасна“, „Детето ова не треба да му го објаснува на возрасен“, се дел од коментарите.

@nomorelatefees Replying to @nomorelatefees The fact she had to do that scene was bad enough but why would the interviewer even question her about not liking it. #Hollyweird #KirstenDunst #samanthamathis #bradpitt ♬ original sound – No More Late Fees Podcast

.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.