Повеќе од 100 филмови во неколку категории ќе бидат прикажани на овогодинешното издание на Фестивалот на анимиран филм „Флипбук Филм Фестивал“ кое ќе се оджи во Кинотека на Македонија од 8 до 11 август. Во склоп на фестивалот ќе бидат реализирани и неколку работилници за производство на анимиран филм и флип-бук, како и промоции на книги и изложба.

Во главната натпреварувачка програма ќе бидат прикажани 16 анимирани филмови и тоа De Imperio на Alessandro Novelli, It shouldn’t rain tomorrow на Maria Trigo Teixeira, 27 на Flóra Anna BUDA, Echoes на Robinson Drossos, Bye Bear на Jan Bitzer, Cat with glasses на Jan Bitzer, Orchestra на Mariam Qortua, Spring на Pernille Kjaer, Sweet Like Lemons на Jenny Jokela, Three Birds на Zarja Menart, Zarko, You Will Spoil the Child! на Veljko Popovic и Milivoj Popovic, Her Dress for the Final на Martina Mestrovic, Kharms на Svetlana Andrianova, Not For Me на Ivan Bondarenko, O/S на Max Hattler, и The Mole на Alexey Sukhov.

Во категоријата анимирани музички спотови ќе се прикажат 18 видеа од кои два на македонски автори и тоа спотот за песната „Понеделник“ од Гоце Стевковски Септет oд албумот „Homage to a Dreamer“, објавен од SJF Records и музичко видео за песната Ciao bella, од Димитрије Димитријевиќ, во режија и анимирање на Александар Ристески. Останатите спотови во оваа конкуренција се Polaridi – Voda на Laura Martinović, Fooled by Your Love на Tamás Rebák, Claw’s worm hunt на Katrin Novaković, Krug (The Circle) на Ivana Radić, Ankramu – Majstre /Maestro на
Marián Vredík, Troada на Vitor Hugo Rocha, Doughy the Doggy на Jeremy Boulard и Paul Bourgois, Cut Short Crisply на Claudia Cortès Espejo и Margot Reumont, Hate Machine на THÉO TONATIU LENOBLE, Coincidence на Milan Uhercik, Onti на Miloš Tomić, Night на Filip Pavlović, Jelisaveta Nikolić, Minja Vuletić и Neda Mojsilović, Let U Go на Jean-Baptiste Bertholom.

Во категоријата анимирани документарци ќе бидат прикажани филмовите The Waiting на Voker Schlecht, Rosaria’s marriage на Adina Oana Enache, Is this now the time I should let you go? на Yi-Chin Tsai, Diaphony на Mirjam Debets, Tête-Machine на Daphna Awadish Golan, Percebes на Alexandra Ramires и Laura Gonçalves.

Во категоријата студентески филмови, помеѓу 17 те филма ќе биде прикажан и филмот Another Day in Lisbon на Диме Ѓорѓиевски, Maryam Khalilzadehbin и Negar Motevalymeidanshah. Останатите филмови во оваа селекција се: Hooked on Illusions на Laura Isabel Schneider, Gaze на Tianshu Yang и Xiaoxuan Yu, Again на Abby Riveros, Migration на Arturs Voblikovs, Melk на Niek de Leeuw, Papa на Lucas Toornvliet, WINDOWS FROM THE SOUTH на Eugen Bilankov, Maro’s red cheeks на Mariam Zhordania, Swifts на Ada Napiórkowski, I Wanna Be A Statue на Harvey Auerbach-Dunn, Adama на Dan Max Nitsan Meyer, Let’s Play на Marzieh Rasekh, Bunnyhood на Mansi Maheshwari, Madeline’s House на Eliska Dvorackova, The Last Man on Earth на Joanna Żybul, In Loving Memories на John Eaton.

Ќе бидат прикажани и 40 Европски Анимирани Филмови во програмата European Panorama.

Членови на овогодинешното жири во програмата анимирани музички спотови и студентески филмови се Гала Фрецон, Ана Опачиќ и Никола Радуловиќ, додека пак во категориите главната натпреварувачка програма и анимирани документарци, во жирито се Андријана Ружиќ, Никица Гилиќ и Влатко Галевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.