Режисерот Андреј Волкашин започна со снимањето на својот дебитански долгометражен игран филм со наслов „Слатката горчина на зрелите калинки”, соопштија од продукцијата Веда Филм од Скопје.
Филмот е меѓународна ко-продукција помеѓу Македонија, Хрватска, Бугарија, со поддршка од Холандија и ЕУРОИМАЖ, од каде и доаѓа креативната и техничката екипа на филмот и ќе се снима до крајот на Мај 2024 година, на живописни локации во општините Гевгелија и Демир Капија.
Филмот ја следи приказната на Дора, која се осмелува да се препушти на сопствената природа и да ги оспори границите на општеството обликовано од патријархалното и традиционалното. Улогите во филмот ги играат 4 жени, сите од различни генерации, меѓусебно поврзани: Зорица Нушева во главата улога, Долорес Поповиќ – Лео, Ана Костовска и Јана Никодиновска, соопшти продуцентот Елена Станишева.
Ова е едниствениот македонски филм развиван во рамките на најпрестижната европска програма Torino Film Lab (Script Lab 2019). Филмот е награден со прва награда меѓу сите алумни на TorinoFilmLab во период од 2018 до 2022 година, од најголемите Нетфликс студија во Холандија кои ќе ја работата пост-продукцијата на филмот.
Сценариото е на Андреј Волкашин, директор на фотографија е Кирил Проданов, сценографијата на Бојана Бачварова и Влатко Чачоровски, костимограф Илина Чолак, маска и шминка Симона Ристевска и кастинг директор Киријана А. Николовска. Продуцентка на филмот е Елена Станишева, а копродуценти Павлина Ангелова, Николај Тодоров и Звонимир Муниврана.
Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и националните фондови на земјите копродуценти на филмот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.