Страст, сомнеж, бегство од љубов. Побарајте ја личноста што ќе ја сакате. Чувства без граници и млади луѓе кои бараат среќа. Францускиот режисер Жак Одијар го претстави својот најнов филм на 74. Филмски фестивал во Кан – „Париз: Љубовна приказна“ (Les Olympiades, 13e / Paris, 13th District) за кој беше номиниран за нај престижната награда на Азурниот брег – Златната палма. Драма за животот на модерните парижани од утре ќе можете да гледате во кината низ земјава
Емили ја среќава Камил, која пак е затрескана во Нора, на која пак ѝ се судруваат патиштата со Амбер. 3 девојки и едно момче – тие се пријатели, понекогаш љубовници а најчесто и двете.
Ова сентиментално, урбано патување го режираше Жак Одијар, кој е познат по филмовите „Рѓа и коска“, „Дипан“ за кои ја доби Златната палма во 2015 година, додека за филмот „Пророк“ ја освои главната награда од жирито на Канскиот филмски фестивал во 2009 година.
За изборот на 13-та област (во Париз) како еден центар на приказната, тој рече:
Го избрав овој дел од Париз од едноставна причина, бидејќи таму живеам со години и многу добро го познавам. Тоа е делот од градот кој најмногу се промени во последните десет години, се гради, архитектурата е специфична. Многу е урбано. Тоа е магично и сите раси и сите луѓе се во него заедно“
Блокови од кули во јужните региони на 13-тиот округ на Париз, област позната како Les Olympiades која е далеку од вообичаените филмски клишеа околу француската престолнина. Приказната следи група млади Французи, составени од Емили (Луси Жанг), Камил (Макита Самба), Нора (Наоми Мерлан) и Амбер Свет (Џени Бет), чии навидум течни и ослободени врски маскираат вистински комплексни проблеми – конкуренција, сомнежи. , празнина, незрелост, егоцентризам.
„Париз: Љубовна приказна“ можете да го погледате во домашните кина од 30 јуни. |
Comments are closed for this post.