Една од најпознатите руски инфлуенсерки, Викторија Боња, се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и покрај отворената поддршка за режимот на Путин.
View this post on Instagram
Иако пристапот на Русите до фестивалот беше ограничен, Боња сепак беше меѓу гостите, поради што организаторите беа критикувани.
Не ми се верува дека ја пуштиле Викторија Боња да дојде во Кан. Не само што ја поддржува руската влада, туку е и анти-ваксер“, пишувало во еден од многуте твитови.
I CAN’T BELIEVE THEY LET VICTORIA BONYA IN CANNES NOT ONLY SHE’S A VERY PRO GOVERNMENT PERSON BUT ALSO AN ANTI VAXXER??????
— alina 😎 (@mycoupdetat) May 18, 2022
Инаку, Боња во неколку наврати отворено му изразуваше поддршка на Путин на Инстаграм, па дури и позираше во маица со неговиот лик.
Таа неодамна учествуваше на протести против санкциите што западните земји ги воведоа кон Русите. Таа беше снимена како уништува скапа чанта на Шанел, обвинувајќи ја компанијата за промовирање русофобија.
Откако ги затвори своите продавници во Русија, Шанел престана да ги продава своите производи на луѓе кои имаат намера да ги однесат во Русија.
Ако Шанел не ги почитува своите клиенти, зошто ние мора да го почитуваме Шанел? рече таа пред да ја пресече торбата со ножици.
Организаторите на новинарските прашања за доаѓањето на Боња на фестивалот одговорија дека само неколку руски медиуми кои се против војната добиле дозвола да дојдат во Кан, но Боња не ја споменале.
На повиците реагирала и инфлуенсерката.
Зошто не ме обележуваат на сликите каде глумам во филм со Зеленски? прашала таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.