Филмскиот хит „Опенхајмер“ од денеска е на програма на Кинотека. Од таму информираат дека следниве три дена ( 24, 25 и 26 август) со почеток во 20:00 чaсот ќе може да се погледне проекцијата на последното филмско остварување на Кристофер Нолан.

ОПЕНХАЈМЕР
(Oppenheimer)
Игран филм, САД/Велика Британија
2023, 180 мин., колор, ДЦП
Режија: Кристофер Нолан (Christopher Nolan)
Сценарио: Кристофер Нолан (Christopher Nolan),
Улоги: Силиан Марфи, Емили Блунт, Мет Дејмон, Роберт Доуни Џуниор, Флоренс Пју (Cillian Murphy, Emily Blunt, Matt Damon, Robert Downey Jr., Florence Pugh)

Опенхајмер, последното филмско остварување на Кристофер Нолан, е еден од најочекуваните холивудски филмови последниве години. Филмот е епска приказна за Роберт Опенхајмер и неговата улога во развивањето на атомската бомба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.