Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити. Изложбата ќе се одржи на 29. јуни, во галеријата на КИЦ со почеток во 19:00 часот.

Фестивалот за музички документарни филмови, Скопје Синема Сити ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард на 30. јуни во летното кино „Мирно лето“ – Кинотека на РСМ.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека на РСМ, Културно информативниот центар, Здружение на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението Номад-Арт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.