По повод 100 години од раѓањето на Брандо:

 

17 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
ДА ЖИВЕЕ ЗАПАТА!

(Viva Zapata, 1952)

Режија: Елија Казан (Eliza Kazan)

18 ЈУНИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
КВЕМАДА – ОСТРОВОТ ВО ПЛАМЕН

(Burn! / Queimada, 1969)

Режија: Џило Понтекорво (Gillo Pontecorvo)

22 ЈУНИ (САБОТА) 20:00 ч.
ЈУГОЗАПАДНО ОД СОНОРА
(The Appaloosa, 1966)

Режија: Сидни Џ. Фјури (Sidney J. Furie)

 

 

Американски ловец, британски платеник и мексикански револуционер – во каква и да е улога, актерската легенда Марлон Брандо доминира на екранот. Неговото специфично, артистичко умеење секогаш ја фасцинира филмската публика.

Овие три наслови ги прикажуваме по повод 100-годишнината од раѓањето на великиот Брандо, и тоа на 35мм лента, оригинален формат, како во времето кога биле премиерно прикажувани.

 

17 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

ДА ЖИВЕЕ ЗАПАТА!
(Viva Zapata!)
Игран филм, САД
1959, 113 мин., црно бел, 35мм
Режија: Елија Казан (Elia Kazan)
Сценарио: Џон Штајнбек, Еџкамб Пинчон (John Steinbeck, Edgecumb Pinchon)
Улоги: Марлон Брандо, Џин Питерс, Ентони Квин (Marlon Brando, Jean Peters, Anthony Quinn)

ДА ЖИВЕЕ ЗАПАТА! е американски вестерн филм од 1952 година, во кој имаат вмешано прсти големи имиња како великанот на американскиот и светскиот филм, режисерот Елија Казан, големиот американски писател Џон Штајнбек се потпишува како сценарист на адаптацијата на книгата на Едкомб Пинчон од 1941 година (Запата, непобедливиот водaч) и главната улога ја игра Марлон Брандо, редовниот соработник на Елија Казан. За неговата работа со Брандо, Казан ќе напише: „Понекогаш најдобрата режија се состои од читање на лицето на актерот и, кога ќе ја видите вистинската работа таму, едноставно кимнете со главата. Неколку зборови, допир и насмевка ќе го направат тоа. Потоа чекајте чудо со Марлон, тоа често се случуваше”
Оваа соработка помеѓу Марлон Брандо и Елија Казан, можеби не е толку позната како ТРАМАВАЈОТ НАРЕЧЕН ЖЕЛБА или НА ДОКОВИТЕ НА ЊУЈОРК, но е сè уште релевантна и стилски свежа со одлична кореографија на акционите сцени и монтажа под влијание на Ајзенштајн и руската монтажна школа.
ДА ЖИВЕЕ ЗАПАТА! е приказна за прочуениот мексикански револуционер Емилијано Запата (игран од Марлон Брандо) и неговиот пат од сточар до водач на востанието против корумпираната, угнетувачка диктатура на претседателот Порфирио Дијаз на почетокот на 20 век. Запата, неговиот брат Еуфемио (Ентони Квин) и бунтовникот Панчо Вила (Алан Рид) се здружуваат, поддржани од политичкиот противник на Дијаз, Франциско Мадеро (Харолд Гордон). Но, кога администрацијата на Мадеро, особено генералот Викторијано Хуерта (Френк Силвера), ќе се покаже исто толку корумпирана како и онаа што ја замени, Запата се одлучува да продолжи со борбата.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

18 ЈУНИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

ГОРИ! / КВЕИМАДА- ОСТРОВОТ ВО ПЛАМЕН

(Burn! /Queimada)
Игран филм, Италија
1969, 112 мин., колор, 35мм
Режија: Џило Понтекорво (Gillo Pontecorvo)
Сценарио: Франко Солинас, Џорџо Арлорио (Franco Solinas, Giorgio Arlorio)
Улоги: Марлон Брандо, Еваристо Маркез, Ренато Салватори (Marlon Brandо, Evaristo Márquez, Renato Salvatori)

За време на златното доба на колонијализмот, британските власти испраќаат агент на еден тропски остров под португалска власт. Неговата задача е да ги поттикне робовите на бунт, за да може Британија да го преземе овој остров, познат по одгледувањето на шеќерна трска. Меѓутоа, кога Британците го заземаат островот и формално го укинуваат ропството, поранешните робови дознаваат дека наемната работа е исто така форма на ропство и одлучуваат повторно да се побунат.
ГОРИ! е измислена историска драма од 1969 година, во режија на познатиот италијански режисер Гило Понтекорво познат по неговиот антивоен филм во неореалистечн манир – БИТКАТА ЗА АЛЖИР – за кој ја има добиено главна награда на Канскиот фестивал во 1966 година.
Станува збор за голема продукција, снимен е на различни локации низ светот и содржи големи имиња, како Енио Мориконе, кој ја компонира музиката на филмот, и Марлон Брандо, кој ја игра главната улога. Не е случајно што овој амбициозниот еп на Понтекорво има потсетува на шпагети вестерните – каде главниот конфликт е изграден на цинични двојни измами и лични предавства. Продуцент на филмот е италијанскиот и американскиот продуцент Алберто Грималди, познат по како продуцент на вестерн класиците (ЗА НЕКОКУ ДОЛАРИ ПОВЕЌЕ, ДОБРИОТ ЛОШИОТ ГРДИОТ) како и филмовите ПОСЛЕДНОТО ТАНГО ВО ПАРИЗ и БАНДИТЕ НА ЊУЈОРК.
ГОРИ! на едноставен и разбирлив начин го отвора прашањето за слободата, борбата за слобода, различните толкувања и пристапи кон проблемите на угнетувањето и колонијализмот, како и антиколонијалната борба, конфликтот меѓу колонизаторите и колонизираните.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

22 ЈУНИ (САБОТА) 20:00 ч.

АПАЛУСА / ЈУГОЗАПАДНО ОД СОНОРА
(The Appaloosa)
Игран филм, САД
1966, 99 мин., колор, 35мм
Режија: Сидни Џ. Фурие (Sidney J. Furie)
Сценарио: Џејмс Бриџес, Роланд Киби (James Bridges, Roland Kibbee)
Улоги: Марлон Брандо, Анжанет Комер, Џон Саксон (Marlon Brando, Anjanette Comer, John Saxon)

АПАЛУСА (The Appaloosa), е американски вестерн филм од 1966 година во режија на канадскиот режисер Сидни Фурие. Главните улоги ги толкуваат Марлон Брандо, Ањанет Комер и Џон Саксон.
Приказната се случува на Дивиот Запад во 1870-тите години. Брандо го игра Мет Флечер, мексиканско-американски ловец на бизони, вечен осаменик кој се враќа на пропаднатата фарма на границата со Мексико што ја водат децата на луѓето кои го одгледале. Тој носи пастув од проучуената раса шарени коњи Апалуса и доволно пари за да основа ранч со коњи. Но, постојано е малтретиран и понижуван од генералот разбојник Медина. Кога разбојникот ќе му го украде коњот и ќе побегне во Мексико, Мет тргнува во одмазничка мисија.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.