Холивудскиот актер Кевин Спејси допатува во Загреб за да преговара за нов филм, а како што пишуваат хрватските медиуми, Новата година ја дочекал во еден од градските клубови танцувајќи на хитовите на Северина.

Спејси се забавувал во друштво на својот менаџер Јуан Ловштајн, режисерот Јаков Седлар и неговиот син Доминик, како и продуцентот Фрај Јурај Прижмиќ во загрепскиот клуб „Минт“. На видеата и фотографиите објавени на официјалната страна на клубот на Инстаграм, може да се види како актерот се дружи со домаќините во ВИП просторот.

Спејси беше расположен и броеше со шампањ до почетокот на Новата година, по што танцуваше на песната Италијана на Северина.

За неговата посета на Загреб пишува и британски Дејли Мејл, посочувајќи дека ваквото појавување во јавноста е редок случај откако претходните години повеќепати беше обвинет за сексуална злоупотреба.

Тие исто така истакнаа дека оваа посета доаѓа еден месец откако беше откриено дека ќе треба да плати отштета од 31 милион долари и адвокатски трошоци на продуцентот на серијата на Нетфликс „House of Cards“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.