Кевин Костнер доби француски  Order of Arts and Letter на Канскиот филмски фестива.

„Вие ја претставувате Америка на широки простори, Америка на слободни умови, Америка на кинематографијата и љубовта кон културата што ја споделуваме на двете страни на Атлантикот“, рече француската министерка за култура Рашида Дати во говорот во кој му оддаде почит на актерот.

Order of Arts and Letter е едно од највисоките почести во Франција и им оддава признание на луѓе кои дале значаен придонес за унапредување на уметноста во Франција и низ целиот свет.

Претходни добитници од светот на кинематографијата се Нил Џордан, Шерон Стоун, Џони То, Тим Бартон и Дајан Кругер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.