Една од најпознатите членки на криминалната банда „Пинк Пантер“ Оливера Чирковиќ беше во Скопје на Саемот на книга.Таа го промовираше третото издание на својата книга „Јас Пинк Пантер“ кои достигнуваат неверојатни тиражи.

Оливера веќе сериозно навлезе во пишувањето книги а криминалниот свет го остави зад себе.

Таа одржува предавања низ регионот и ги запознава младите за штетноста ако отидат од другата страна на законот.

На Оливера и е укината дозволата за влез во Грција каде одлежа десетгодишна казна. Сега таа ќе оди таму да гостува во емисии а се планира и снимање на серија за нејзиниот живот од врвна кошаркрка до член на криминална група.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.