Филмот „Барби“ заработи над милијарда долари од продажбата на билети во САД и ширум светот за околу две недели, објави вчера Ворнер Брос.
Како главни дистрибутитери, често и не остануваме без зборови од изведбата на филмот, но ‘Барбилион’ ги надмина дури и нашите најоптимистички предвидувања, изјави Џеф Голдстин, одг одговорен за домашната дистрибуција на „Ворнер брос“.
Студиото објави дека филмот заработил 459 милиони долари во домашните кина и 572,1 милион вон САД, така што вкупната заработка досега веќе е 1,0315 милијарди долари. Оваа информација ја потврди аналитичката компанија „Комскор“ (Comscore).
Во режија на сценаристката-режисерка Грета Гервиг, во филмот глумат Марго Роби и Рајан Гослинг во главните улоги како Барби и Кен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.