Актерот Даниел Редклиф (32) е речиси непрепознатлив во ликот на „Чудакот Ал Јанковиќ“, на снимањето на претстојниот биографски филм под наслов „Чудакот: Приказна за Ал Јанковиќ“.

Продукцијата и снимањето почнаа овој месец во Лос Анџелес.

Не се сомневам дека ова е улогата по која идните генерации ќе го паметат (Редклиф) – се пошегува Јанковиќ на снимањето.

Комичарот Ал Јанковиќ (62) уште од тинејџерските години прави пародии на нузичките хитови, изведувајќи песни од Мајкл Џексон, Били Реј Сајрус и други ѕвезди со што стана светски познат имитатор. Засега не се знае кога филмот ќе се прикажува во кината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.