Бредли Купер ги изненади фановите со изгледот во новата улога во филмот „Маестро“. Глумецот целосно се трансформирал во легендарниот композитор, диригент и пијанист Леонард Бернштајн. Фановите не можат да го препознаат откако излезе првиот трејлер.
„Маестро“ е претстојниот американски биографски драмски филм кој се фокусира на врската помеѓу американскиот композитор Леонард Бернштајн и неговата сопруга Фелисија Монтеалегре. Режиран е од Бредли Купер, од сценариото што го напиша заедно со Џош Сингер, а продуцирани од Мартин Скорсезе, Стивен Спилберг и Купер, меѓу другите. Во филмот глумат Кери Малиган како Монтеалегре и Купер како Бернштајн. Во споредни улоги се појавуваат и Мет Бомер, Маја Хоук и Сара Силверман.
Целосно се трансформирал во Бернштајн. Од млад во стар човек. Неверојатна шминка и костим, коментираа некои од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.