Популарната ТВ водителка Лила Филиповска (51), која е препознатлива по ведриот дух, професионалноста пред камерите, но и секогаш средениот моден изглед, се најде на мета на критики на социјалните мрежи, токму поради изгледот.

Имено, во изминатиот период таа често се појавува со перики, па поединци кои имаат замерки за нејзиниот изглед и модни комбинации, ја напаѓаат во коментари. Сепак, дека околу личните избори на секој поединец не се коментира и не суди, и како секој треба да ги гледа во својот двор, јавно се огласи нејзиниот пријател, ТВ водителот Зоран Василевски Фаци.

На Инстаграм, револтиран од невкусни коментари кои ги прочитал на сметка на изгледот на Лила, но и поради пораки од непознати луѓе кои се дрзнале да ја навредуваат, тој отворено порача дека е бесен поради бесчувствителноста и примитивизмот кои владеат.

Зошто мора Лила да ви каже зошто носи перика? Зошто мора да ви каже низ што се помина оваа година, низ пеколот? Зошто мора да ви каже какви здравствени проблеми има? Себични, без чувства, примитивни луѓе, и не го кажувам тоа од злоба, туку од бес, порача Василевски.

За „Фокус” тој вели дека Лила е негова голема пријателка, жена – борец која многу ја сака и почитува, и не можел едноставно да премолчи пред линчот кој се случува врз неа на социјалните мрежи.

Појаснува дека е среќен што една силна личност како Лила е дел од неговите блиски луѓе, а за пеколот низ кој минала таа самата ќе раскаже за јавноста доколку сака и тогаш кога ќе биде подготвена. До тогаш, приватноста треба да се почитува, без оглед дали се работи за јавна личност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.