Имало девојки и жени низ годините кои би биле добри за да станат мои сопатнички, но јас сум бил тој што не чинел, вели Владо Јаневски во интервју кај Жарко Димитриоски. Во новата епизода на „Еден на Еден“, македонскиот пејач вели дека тој со страст го брани својот став дека му е убаво што не е женет и нема деца и дека тој живот не е за секого, но е одличен за него.

Да сум бил порационален тип на човек, а не емотивец, сигурно би заклучил „Со оваа треба стварно да завршам“, вели меѓудругото Јаневски.

Интервјуто ќе биде емитувано во недела од 18:30 на Канал 5.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.