Концерт во Македонска филхармонија

Владо Јаневски: Не знам каков наслов ќе ми извадат во медиумите

Естрада 26.11.2023 / 12:11

Ваков или таков, како што вели една негова песна, Владо Јаневски сепак е најголемата македонска ѕвезда.Еден од ретките што прави вистински концерти чии карти се продаваат неколку месеци порано.Таков беше и синоќешниот во Македонската филхармонија од четирите закажани.

Владо го сакаат фанови од средната генерација кои беа млади кога настапуваше на Евровизија, победуваше на Макфест…

Па така не потсети на „Не зори зоро“, Црно Тиквешко“, „Еден бакнеж“, „Чаирска романтика“… Секако концерт не може да помине без како што ги нарече скопските „Отаде Вардар“, и Ова е наше Скопје“.

Со секоја балада кои се негов заштитен знак Владо им се заблагодаруваше на фановите и нагласи дека ја има најинтелегентната публика во светот.

Владо искоментира и дека на претходниот концерт ги поместил очилата а во медиумите излегол наслов „Владо се расплака на сцена“.

Од каде да знам како наслов ќе ми извадат утре, подобро да внимавам-се пошегува Јаневски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobetcasibomcasibom girişCasiboom