Младата пејачка Мартија Станојковиќ има ново момче и тоа не било кој, туку еден од нашите најдобри фудбалери, Дарко Чурлинов, дознава „Убавина и здравје“.

Според порталот, иако Мартија и Дарко имаат врска на далечина, двојката е многу заљубена.

Тие не кријат дека се пар кога излегуваат, но мислам дека не сакаат јавно да ја експонираат нивната врска. Малку им е проблем тоа што имаат врска на далечина, со оглед на тоа дека Дарко игра во Англија, но сепак тие се сакаат премногу и јас мислам дека нивната врска ќе трае долго, изјави за „Убавина и здравје“ извор близок на фубалерот.

Неодамна една од блиските другарки на пејачката објави фотографија каде што се бакнуваат.

Македонскиот фудбалски репрезентативец во август потпиша четиригодишен договор со англиски Барнли, но моментално е во Македонија, бидејќи следуваат два пријателски натпревари против екипите на Финска и Азербејџан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.