Актерот Андрија Милошевиќ е познат по својот актерски талент и хумор, а сега на понежниот пол на хумористичен начин им го честиташе 8 март.

Андрија на Инстаграм објави фотографија на која позира со крпа на главата и црвен кармин на усните.

На сите нека ни е среќен 8 март, порача Милошевиќ под фотографијата.

Веднаш по објавувањето на фотографијата, почнаа да се нижат коментарите под објавата, а гестот на Андрија им се допадна на многумина.

„Хахаха каков крал си!“, „Мој сладок, љубен брат“, „Среќна наша убава“, „Издржи сестро“, „Биси Андрија“, „Кралице, те обожавам“, се само дел од коментари под објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.