Дали новите генерации умеат да создадат вистинска музика или се работи турбо само за слава? Дали инфлуенсерите што се занимаваат со готвење навистина го сакаат и го прават тоа добро или се работи само за лајк? Новите генерации спроти оние повозрасните, поискусните, во новата епизода на „Нешто конкретно“ со Тони Зен, Иван Ајнштајн, Наде Молеровиќ и шеф Никола Мишковски. На кои им е полесно денеска со напреднатата технологија, на оние што ги фатија „двете времиња“ или оние што се родија заедно со паметните телефони?
Можеме ли да заклучиме дека новите генерации се понеинтелегентни од оние постарите? Тони Зен ќе каже дека не се сложува.
Инстинктот за преживување надвор и однос надвор човек со човек го немаат или тој респект го немаат, можеби се со главите наведнати или нема да каже респект добар ден, пријатно ова она, но може да направи некаква сонда и да не однесе некаде подалеку, не знам, рече тој и додаде дека нема ништо против вештачката интелегенција.
Од друга страна шеф Никола смета дека новото време не отупува, но некако се претопуваме.
Младиве кога ќе седнат не знаат што муабет да прават, ние го немавме тој проблем, рече тој.
Инфлуенсерот Иван Ајнштајн гордо раскажува дека неговите родители му признале оти за некои работи многу учат од него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.